Еден месец од почетокот

 

www.rezerviraj.mk

Веќе помина еден месец од почетокот на #РезервирајМК. И нешто повеќе. Време е да се преброиме и да видиме што сме направиле од почетокот до сега.

На 15 Ноември 2016, после неколку месеци напорна работа ја пуштивме www.rezerviraj.mk. Беше 15-тина минути пред 10 кога извршивме „php artisan up“ и бевме ‘live’. Имавме само 2 настани првиот ден и 3 локали, а сепак уште првиот ден беа направени повеќе од 10 резервации.

По еден месец напорна работа успеавме да додадеме 11 локали на #РезервирајМК:

Направени беа повеќе од 60 настани и успеавме да имаме повеќе од 200 задоволни клиенти кои што резервирале преку #РезервирајМК.

www.rezerviraj.mk

Благодарни сме на сите оние кои што се со нас во периодот од пуштањето на www.rezerviraj.mk и резервациите за настаните ги прават преку нас.

Исто така можеме да кажеме дека без нашите партнери не би постигнале вакви бројки, па им заблагодаруваме на сите локали што се на #РезервирајМК. Очекувајте наскоро додавање на уште локали и проширување на www.rezerviraj.mk и во други градови низ Македонија.

Во меѓувреме можете да си резервирате маса за некој од настаните на www.rezerviraj.mk
====== https://rezerviraj.mk/nastani ======

Или лајкнете ја нашата фан страна на Фејсбук
====== https://www.facebook.com/RezervirajMK ======

Коментари

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена јавно. Сите полиња се задолжителни.